Облачно време, со температура до 16 степени

Во земјава по котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо, облачно и постудено. Во останатите подрачја сончево и потопло со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус четири, а дневната температура од шест до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до шест степени.

До четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините во поголем дел од денот облачно, магливо и постудено. Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.