Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по котлините и долж Повардарието магливо. Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје претпладне магливо, попладне со зголемена облачност и од вечерните часови со појава на повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.
Денес и утре ќе преовладува облачно и врнежливо време. Врнежите ќе започнат кон крајот на денот од запад и ќе продолжат во текот на ноќта насекаде, а во среда ќе престануваат на југоистокот. Овие врнежи ќе бидат пообилни во јужните делови. Од петок наутро ќе е постудено, а во сабота ќе има услови за повремен дожд, а на планините на северот од повремен снег.