Облачно време со врнежи од дожд, а на планините и снег

Претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно. Попладне ќе има врнежи од дожд и ќе дува умерен до
краткотрајно засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а
максималната ќе достигне 10 степени.