Облачно и магливо по котлините, во Дојран 10 степени

Претежно облачно, по одделни котлини магливо e временската прогноза за денеска. Во југозападните и јужните делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб јужен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 3 Целзиусови степени, Маврово и Битола 2, Охрид, Берово, Крива Паланка и Кавадарци 5, Дојран 10 степени.

Утре времето ќе биде умерено облачно со услови за магла по котлините и дневни температури од 3 степени во Битола, 4 степени во Маврово, во Скопје, Крива Паланка, Бeрово и Кавадарци 5 до 10 степени во Дојран.