Облачно и студено време

Овој понеделник не очекува претежно облачно време, со повремени и слаби врнежи од снег во пладневните часови.

Утринските температури во главниот град ќе бидат до -10 степени Целзиусови, а најниска температура, односно -16 степени, е измерена во централниот дел од Македонија.

Во западните делови од државата ќе има снежни врнежи со слаб до умерен интензитет.

Во вечерните и ноќните часови ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе засилува.