Облачно и свежо, засилен ветер долж Повардарието

Најстудено утрово е во Маврово и Лазарополе каде температурата е -2 степена, додека во останатите градови низ државата се измерени температури над нулата. Во Крушево и Ѓуриште температурата е 0 степени, во Пожаране и Берово 1, во Дебар, Тополчани, Охрид, Претор и Крива Паланка 2, во Виница и Прилеп 3, во Тетово и Битола 4, во Куманово и Скопје Петровец 5, во Демир Капија, Струмица и Штип 6, во Дојран 7. Најтопло е во Гевгелија каде се измерени 8 степени.

Во текот на денот ќе се задржи променливо облачно време со услови за проврнување повремен слаб дожд, додека на планините и на некои повисоки места ќе врне слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе се засилува, особено долж Повардарието и во источните делови на земјава.

Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје слично време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 11 степени.

Променливото и релативно свежо време ќе се задржи до викендот кога се очекува намалување на облачноста и зголемување на температурите.