Облачно и врнежливо време

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, кои ќе бидат најобилни во западните и источните делови каде локално се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.

Ќе дува слаб ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од седум до 14 степени, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со изобилни врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Темепратурата ќе биде од осум до десет степени.

В сабота и в недела врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе има услови да бидат и поројни. Врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во северозападните делови. Од понеделник ќе дува северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање.