Облачно со повремен дожд, на планините снег

облачно

Поради спуштањето на оваа студена воздушна маса во попладневните часови ќе има нагло опаѓање на температурите и врнежите од дожд на некои повисоки места на надморска висина од околу 600 метри во западните делови ќе поминат во снег. Врнежите не се очекува да бидат многу интензивни, ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а во текот на денот ќе дува и умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Минималните температури се движеа од  -5 во Битола, -3 Прилеп, -2 Маврово, Струмица и Претор, -1 Скопје-Петровец, Охрид и Лазарополе, 0 Тетово, Штип, Виница и Берово, 1 Крушево, Дебар и Тополчани, 2 Крива Паланка, Скопје и Демир Капија, 4 Куманово, Дојран, Ѓуриште и Гевгелија и 5 степени во Пожаране.

Врнежи се забележани само во Берово, а времето во текот на  ноќта беше умерено до значително облачно, поведро беше во југозападните и југоисточните делови. На места дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. Изутринава во северозападните делови е облачно и на планините започна да врне снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со услови за повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максимална температура до 7 степени.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време. Утре и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.

Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање воздухот е загаден во сите скопски општини. Во Лисиче се измерени 119,28 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, во Карпош 98,99, кај Ректорат 96,37, Центар 80,22 и во Гази Баба 73,13. Во Битола се регистрирани 128,33 микрограми, Кичево 101,92 и Тетово 90,59 микгрограми.