Облачно со дожд и грмотевици

127

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено во јужните и западните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура до 18 степени, а дневната ќе достигне до 32 степени.

Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облчаност. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.