Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните ќе бидат во интервал 4 до 15 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 7 и дневна до 15 степени.
До крајот на работната недела нашево подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Од среда ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
Во петок во текот на денот врежите ќе престануваат.