Облачно време со појава на магла

Денес не очекува променливо облачно време, со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер со променлив правец.

По одделни котлини во земјава ќе има појава на магла.

Во главниот град утринската температура ќе биде -2 степени Целзиусови, а во текот на денот ќе се покачи до 5 степени.

Најниска утринска температура е измерена во источна Македонија, каде може да очекуваме до -4 степени Целзиусови.