Облачно време со услови за дожд и снег

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег.

Повеќе врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта спрема четврток, особено во јужните делови на државата.

Ќе дува умерен југоисточен ветер, а дневните температури ќе се движат над нула Целзиусови степени.