Облачно време со услови за снег и дожд

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со слаби врнежи од дожд и снег, а ќе има и услови за појава на замрзнат дожд.

За овој петок прогнозирани се температури претежно над нула степени, кои во главниот град ќе се движат околу 3 Целзиусови степени.

Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови на државата, додека пак по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.