Облачно време со врнежи од дожд и снег

Денес не’ очекува облачен вторник со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег.

Утринските температури ќе бидат над нула Целзиусови степени, а дневната просечна температура ќе се движи околу петиот степен.

Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните и југоисточните делови.

Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.