Облачно време со врнежи од снег

Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег. Во делови од југоистокот може да очекуваме врнежи и од дожд.

Во Скопје, ниските температури ќе достигнат до – 4 Целзиусови степени во утринските часови, а максималната температура ќе биде до 2 степени во текот на денот.

Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и тоа во западните делови од Македонија.