Облакодери ќе никнат кај Пазарот и кружниот тек во Ѓорче Петров?

На фејбук страницата Ѓорче Петров се објави информација дека во оваа скопска населба се планира да се изградат 16 згради од по 10 и 20 ката, спроти Пазарот и покрај кружниот тек, дијагонално од Порта Влаа.
Се реагира на нетранспарентно носење на Деталните урбанистички планови во општината.

– ОБЛАКОДЕРИТЕ НА ЃОРЧЕ
📌Дали знаете дека Општина Ѓорче Петров спрема детален урбанистички план СЗ 16 за 10-катници и 20-катници спроти Пазарот и покрај кружниот тек, дијагонално од Порта Влае⁉️
📌Анкетата била во тек од 19.11.2020 до 02.12.2020‼️
📌Ако поскролате на профилот на градоначалникот овие денови од 19 ноември си споделува за детски играчки, за својот партиски шеф, за Филпче и за партицивативен буџет, а не се грижи за партиципатијата на граѓаните во урбанистичкото планирање‼️
📌ТРАНСПАРЕНТНО и ЛИЦЕМЕРНО нели⁉️
📌Ќе планира ли Ѓорче Петров нови облакодери спроти пазарот каде што моментално се паркираат граѓаните на државно земјиште⁉️
📌Со овие облакодери нема да има доволно струење на воздухот од Лепенец со тоа дополнително ќе се зголеми аерозагадувањето!‼️
📌 Предвидено е мало зеленило на просторот на АРМ но и со тоа не се фалат, зашто другото не е за фалење, па се надеваат тивко ќе им помине ова далеку од очите на јавноста‼️
📌Зошто не може плановите нормално и транспарентно да се промовираат и презентираат‼️
✅Тоа е транспарентноста на нашите локални самоуправи, стои во објавата.