Облакодери кои го одушевуваат светот (ФОТО)

Со завршување на секоја нова конструкција, се создава се’ понов и посовремен дизајн, кој до скоро беше незамислива мисија за човештвото.

Лахта центар од птичја перспектива
Лахта центар од птичја перспектива

Восхитувачки облакодери видливо се материјализираат и издвојуваат како дело на извонредните подвизи на современото инженерство ширум светот.

Со завршување на секоја нова конструкција, се создава се’ понов и посовремен дизајн, кој до скоро беше незамислива мисија за човештвото.

„Нетпрес“ создаде мала галерија за Вас, во прилог се фотографии од овие неверојатни чуда кои гордо стојат меѓу облаците.

Светски Трговски Центар-Еден – Њујорк, Америка

Од порано позната како „Кула на слободата“, а била изградена во обид да се запамети оригиналниот „Светски трговски центар“ изгубен во катастрофалните терористички напади на 11 септември. Завршен во 2012 година, „Светски трговски центар-еден“ сега е највисоката зграда во Соединетите Американски Држави со висина од 541 метри, односно 1776 стапки – со упатување на годината 1776 кога почнала американската револуција против британските колонијални власти и била потпишана Декларацијата за независност.

Центар на Кралството – Ријад, Саудиска Арабија

Третата највисока зграда „со дупка“ во светот, големото отворање на врвот од Центарот на Кралството е осветлено ноќе, проследено со континуирано менување на боите. Превртениот лак на врвот од облакодерот е опишан како „ѓердан“ на градот.

Државен универзитет Москва – Москва, Русија

Ја носи титулата на највисоката образовна зграда во светот, со историја која датира од 1755 година, кога била позната како Универзитет Ломоносов, именувана по нејзиниот создавател. Со долгогодишна традиција на академска извонредност, овој универзитет е најстариот и најпознатиот руски универзитет, каде се образовале голем број познати научници и добитници на Нобелова награда.

Динамична Кула – Дубаи, Обединетите Арапски Емирати

Секое ниво на оваа револуционерна зграда може да се ротира од страна на нејзините жители, создавајќи ја можноста за секој ден да им биде со различна глетка од домот. Дејвид Фишер, архитектот кој никогаш претходно не изградил облакодер, ги нарекува овие згради „дизајнирани според времето, обликувани од животот – кои ја отвораат нашата визија во нов живот“.

Агора Сити – Тајпеј Сити, Тајван

Етикетирана како „јадач на смог“ поради нејзиниот еко-пријателски дизајн, претставува една од најголемите станбени места во регионот на Тајван. Архитектот Винсент Калебоут, го добил правото за проектот со неговиот дизајн во 2010 година. Каскадно зелениот екстериер претставува „пионерски концепт за одржлива екоградба“. Намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид навистина е иднината на нашата планета!

              W350 — Токио, Јапонија

По завршување со изградбата во 2041 година, W350 кулата ќе биде највисокиот дрвен облакодер во светот. Структурата е дизајнирана со ставање акцент на природата, така што луѓето ќе можат да уживаат во свежо ветре и сонце внатре во зградата. Таа е насочена кон обезбедување на многу поголемата потреба на жителите од топлина и смиреност, занемарувајќи ги отмените услови на урбаната средина.

             Лахта центар – Санкт Петербург, Русија

Со височина од 462 метри, Лахта центар е највисоката зграда во Русија и во Европа. Со нејзиниот уникатен изглед е најсеверниот облакодер во светот. Употребата на бетон за градба на темелите на зградата е регистрирано како најголем Гинисов светски рекорд во светот на градежништвото. Инспирацијата за дизајнот на кулата доаѓа од самата природа – врвот се конвергира и менува за да формира цвет, пламен, мраз, светилник и шпиц.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.