Oбновa на фасадите на два објекта на булеварот „Илинден“

Во тек е изведбата на санаторско-реставраторските работи на фасадите на објектите бр. 68 и бр. 80 на булеварот „Илинден“во Скопје, датирани од периодот меѓу двете светски војни.

ilindenskaaa (2)

Како што соопштуваат од Министерството за култура, станува збор за проект кој е дел од Акцискиот план на Владата на Република Македонија и Министерството за обнова и конзервација на повеќе фасади од старата градска архитектура во значајните градски јадра во нашата држава.

За таа цел, од страна на надлежната установа од областа на заштитата на недвижното култутрно наследство за Скопје и Скопско, НУ Конзерваторски центар – Скопје, во 2014 години изготвени се основни проекти, завршени административните процедури на одобрување и јавните набавки.

ilindenskaaa (3)

Фасадите на објектот на бул. „Илинден“ бр. 80 (или позната како зградата на МЦМ) планирано е да блеснат во полн сјај во текот на летото, а санацијата на фасадите на бул. „Илинден“ бр. 68 треба да биде завршена до почетокот на есента 2015 година.

Надлежната установа, во текот на минатата година ги реставрираше фасадите на објектите со број бр. 41 и 63 лоцирани во споменичката целина „Дебар маало“ кои претставуваат значајно културно наследство од почетокот на 20 век со архитектонско стилски вредности од раната модерна, а во текот на 2015 година ќе бидат изработени и 5 основни проекти за конзервација и реставрација на објекти во споменичката целина- Стара скопска чаршија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.