Обнова на Железничка станица во Прилеп

Обнова на Железничка станица во Прилеп
Обнова на Железничка станица во Прилеп

Со обновата на Железничка станица во Прилеп и нејзиното поврзување со новата Автобуска, градот ќе добие современ транспортен центар, изјави градоначалникот Марјан Ристевски.

Реконструкцијата на Железничка станица во Прилеп е дел од проектот за обнова на 10 вакви објекти во Македонија долж железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д.

Со реализацијата на овој проект за обнова на Железничка станица во Прилеп ќе стане подостапна за сите граѓани кои користат железнички сообраќај, изјави Ристевски.

Инвестиција вредна 2,2 милиони евра

Комплетно нов изглед ќе добијат и железничките станици во Велес, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар.

Инвестицијата изнесува  2,2 милиони евра. Проектот е на Министерството за транспорт и врски и опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на станиците. Според најавите, целосно ќе бидат заменети крововите и подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети. Комплетно ќе се смени водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, ќе се постават системи за греење и ладење, за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт. Ќе се подобри и пристапноста за лицата со намалена подвижност, пренесува МИА.

zeleznicka-stanica-Skopje-1-630x405Исто така се обновува и Железничката станица во Скопје. Ивестицијата изнесува 2,9 милиони евра.

Железничката во Скопје со нов лик за три-четири месеци

Обновата на Железничката станица во Скопје, која треба да добие комплетно нов и модерен изглед според надлежните инситуции ќе биде готова за три до четири месеци.

Проектот  за реконструкцијата на објектот изграден пред 35 години е во вредност од 2,4 милиони евра, од кои 85 проценти се обезбедени преку ИПА, а 15 проценти од Буџетот на РМ.

Ефективно се работи на објектот, постојано има дополнителни работници и очекувам дека за три-четири месеци  комплетно ќе биде рехабилитирана Железничката станица, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешниот увид на градежните работи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.