Обновени турско-руските воени патроли во Сирија

Турските војници повторно одат во заеднички патроли со руската воена полиција во североисточна Сирија по петнаесетдневниот прекин, соопшти Москва ноќта кон вторникот додека офанзивата на сириските владини сили во покраината Идлиб продолжува да ги затегнува турско-руските односи.

Турција и Русија изведуваат заеднички патроли на сириската територија во близина на турската гранциа од октомври 2019 година. Меѓутоа, турските сили не се појавиле од 3-ти феверуари, пренесува агенцијата Интерфакс повикувајќи се на неименуван функционер во руското министерство за одбрана.

Турски воен извор за Reuters изјавил дека на 7-ми февруари заедничките патроли на Турција и Рисија се одложени поради временските услови. Тој прекин се совпадна со тензиите меѓу двете земји околу покраината Идлиб, последното упориште на терористичките групации но и бунтовничките опозициски сириски групи кои ги поддржува Анкара.

Русија минатата седмица ја обвини Турција за неппочитување на договорот постигнат меѓу двете земји за решавње на деветгодишната сириска војна, како и за неуспехот да ги контролира милитантите во Идлиб, кои ги напаѓаат сириските владини и руските сили на теренот. Поради несогласувањата, турска делегација во вторникот допатува во Москва, во обидите на двете земји да ги надминат своите разликои во врска со Сирија.