Обожавателите на Евросонг одлучија: Песната на Констракта „In corpora sano“ доби награда за најдобар текст

Можеби не ја освои Евровизија, но песната на Констракта „In corpora sano“доби награда за најдобар текст.

Иако Ана Ѓуриќ Констракта која ја претставуваше соседна Србија на Евровизија не пoбеди во најголемото музичко шоу, сепак песната „In corpora sano“ се заќити со титулата најдобар текст на годинешното издание во Торино.

Овие награди се доделуваат врз основа на гласовите на следбениците на официјалната страна на „Песна на Евровизија“, а освен Србија, номинирани за најдобар текст за песна беа и претставниците на Италија и Португалија, но и победниците на Евросонгот, Украина.