Обрадовиќ останува во Фенербахче за двојно помала плата!

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ, ќе продолжи да го предводи Фенербахче, откако денеска се согласи да потпише нов тригодишен договор со турскиот гигант.

Со ова е ставен крај на сагата која изминативе денови ги полнеше „страниците“ на европските медиуми, меѓу кои огромен број веќе се истрчаа да објават дека Србинот ќе си замине од Истанбул. Обрадовиќ ја сфати тешката финансиска ситуација во клубот по кризата со пандемијата со коронавирусот, поради што се согласа да му се преполови платата. Деветкратниот шампион во Евролигата во следните три сезони ќе заработува по 1,6 милиони евра, што е нешто помалки од двојно помалку од досегашните три милиони евра што ги инкасираше годишно.

Истовремено, тој на располагање ќе има и драстично намален буџет од околу 20 милиони евра, што дефинитивно ќе биде проблем да формира тим со кој би ја нападнал евролигашката круна. Негова прва цел откако и официјално ќе го продолжи договорот е да ги задржи Костас Слукас и Луиџи Датоме, кои веќе на маса имаат понуди од Олимпијакос односно Олимпија Милано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.