Обрадовиќ со семејството ќе се врати од Турција во Србија

38

Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ и неговото семејство ќе се вратат од Турција во Србија.

Обрадовиќ ќе лета за Србија со специјален лет организиран од владата на земјата наменет за своите граѓани од Турција.

Сезоната во Евролигата е суспендирана поради коронавирус.

Трофејниот српски тренер во неколку наврати одби да го продолжи договорот со Фенербахче. Се шпекулира дека Обрадовиќ следната сезона повтроно ќе го предводи Панатинаикос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.