Обрадовиќ е најдобар тренер кога има голем буџет и ѕвезди во тимот

За сопственикот на „Панатинаикос“, Димитрис Јанакопулос Србинот Жељко Обрадовиќ е најдобар тренер, но само ако ги има најдобрите играчи и голем буџет. Јанакопулос за грчките медиуми зборуваше за поранешниот тренер на „зелените“, а сега предводник на „Фенербахче“.

Обрадовиќ во „Панатинаикос“ беше од 1999 до 2012 година и успеа да освои пет шампионски титули во Евролигата, а дури 11 пати беше шампион на Грција, и седум пати го освои грчкиот куп.
Србинот во 2013 премина во „Фенербахче“, а Јанакопулос смета дека Обрадовиќ направил голема грешка со начинот на кој заминал од ПАО.

Јас за ПАО секогаш сум го сакал најдоброто, а Обрадовиќ е најдобиот во Европа, затоа го сакавме на клупата.
Обрадовиќ без сомнеж е најдобриот тренер во Европа, но само кога има ѕвезди во тимот и кога има голем буџет за трошење. Никогаш не сме го виделе да биде на чело на еден мал клуб, изјави Јанакопулос.