Образовна рашомонијада

Неодговорниот и несериозен однос на министерот за образование и наука ги натера средношколците, односно средношколскиот сојуз да реагираат бидејќи во оваа учебна 2022/23 година, средношколците се соочуваат со познатиот проблем со недостаток со учебници и бараат од надлежните институции решавање на проблемот за да имаат  непречен наставен процес. Со право, реагираат од средношколскиот сојуз, дека добиваат оштетени учебници далеку од употребна состојба, и недостаток на дел на учебници. Посебно е изразен овој проблем во стручните училишта, специфично за учебниците по стручни предмети, што создава нееднаквост меѓу учениците.

Решавањето на проблемот е оставен  на самите ученици, кои се принудени да се снаоѓаат со барање на електронски  форми на учебникот, учење преку слики или фотокопирање и сето тоа на нивен трошок.

Ваквиот неодговорен и несериозен однос на министерот за образование и наука во справување со проблемот, е во судир согласно член 44 од Уставот кој гласи: „Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно“.

Во практиката, надлежните институции не го почитуваат и применуваат начелото на Уставот во која учебниците се основна алатка за одржување на непречена настава која треба да е бесплатно. Исто така, надлежните институции не ја почитуваат и Конвенцијата за правото на детето (КПД), каде што Македонија ја има ратификувано, и е обврзана да го почитува и применува.

Почитувани читатели во една од моите колумни истакнав меѓу другото „…Учениците немаат добиено свидетелства, и ќе нема учебници, а дали ќе има или нема зависи од тетовската фирма ’Арбериа Десинг’, позната по печатењето на учебници. Оваа фирма блиска на Јетон Шаќири, како и на предходниот министер за образование Арбер Адеми (фрлач на „бомби“ во Собранието кон пратениците), која фирма е донатор на политичката партија на ДУИ, само во изминатите 4 години добила 61 тендер од државата од околу 4 милиони евра (пари од граѓаните на Македонија). Овие министри за образование, ги интересира само тендерите и полнење на политичката партија ДУИ од оваа позната и блиска фирма на ДУИ, кој е и донатор. На повидок е образовен криминал, уцени, корупција, рекет или непотизам во МОН. Затоа треба за ова да се позанимаваат институциите ОЈО, ДКСК, Финансиска полиција… Дека овој т.н. ’министер’ за образование не го интересира образованието тоа се потврдува…“.

Што го интересира? Го интересира како што изјавил албанскиот премиер Еди Рама: „… Македонија во принцип е подготвена да го користи унифицираниот албански буквар со првачињата во Албанија и во Косово… Наша обврска е да го заштитиме и зачуваме албанскиот јазик…“.  За што се залага министерот Јетон Шаќири, што да заштити и зачува?? Почитувани читатели, Вие размислите за што се залага!.

Најмалку за потребите на македонските ученици (основци, средношколци, без разлика на националната припадност). Ова е срам и е образовен криминал.

Додека албанскиот премиер Еди Рама се залага да го заштити и зачува Албанскиот јазик на сите простори каде што живее албанско население, како што вели Рама е нивна обврска. Што е легитимно.

Што прави нашата антимакедонска Влада (СДС-ДУИ)? Да прави, бугаризација и асимилација. Ова го прават нашите КОПУЦИ (читај: неранимајковци).

Неранимајковец, манипулатор и логач (мијачки) Пендаровски, деновиве изјавуваш дека „бугаризацијата е измислена од опозицијата“. Па, ТИ изјави дека „Гоце Делчев е Бугарин, заедно со твојот копук советник Малески“. Еве за што се залагате! ТЕ прашувам Пендароски: Зошто повеќе од две години нема одговор (нема политичка волја ТИ, СДС-ДУИ) за донесување на новиот Закон за македонскиот јазик. Вие копуци ТИ Пендароски, Таче (дезертерот) и другите од Владата сте неми набљудувачи (свесно) сте соученици во уништувачките процеси на македонската нација и идентитет.

Негрижата за македонскиот јазик, фрлањето на Институтот за македонски јазик во длабока сенка, нерешен статус на дипломираните македонисти наназад со години се доведе во ситуација на Катедрата за македонски јазик да се запишат одвај по десетина студенти. Со недонесувањето на Законот за употреба на македонски јазик, свесно ја урнисувате Катедрата за македонски јазик и затворањето на се’ поголемиот број лекторати низ светот не може да се толкува никако поинаку, освен како уште едно велепредавство на пробугарска власт.

Во ова прилика сакам да ТИ се обратам Пендаровски како „многу национално свесен“ , на една твоја изјава: „Да не сум претседател, и јас би се иселил од својата држава, која просечна плата во земјата е 400 евра“. Со вашата изјава (2019 ггодина) која перспективност и мотивираност испраќате. Кога гледаат дека не функционираат правните институции, кога царува криминалот и корупцијата во секој сегмент од општественото живеење и делување. (Извадок од мојата книга Македонија со хибриден криминален режим 2021).

Пендароски, дали слушнавте за детето Дамјан она генијално детенце од Штип или за генијалчето Македон Димитриовски од Тетово, кое има само седум години и со леснотија ги решава математичките задачи и освојуваат златни медали и Дамјан и Македон, тие се нашите млади амбасадори во знаењето. Што како институции направивте? Со што ги стиумулиравте? Со ништо!. Како што ќе рече родителот на Македон, ветуваа се’, сликаа и добивме едно големо НИШТО! Ова е вистината, се сликате претседателе и оној министерот за образование, ветувате лаги. Срам да ви е! Ваквите талентирани деца, има и други деца по разни природни и општествени науки кои освојуваат значајни резултати. Како им возвраќате ТИ и надлежните институци. Со сликање, и никаква перспективност. И затоа младите ќе си одат и си одат. Затоа Пендаровски и оние од МОН, да Ве потсетам за загрижувачката состојба за младите дека „над 44.7 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, тие се’ повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените земји… имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државата по завршувањето на студиите“ (Извадок од мојата книга Македонија со хибриден криминален режим 2021).

Затоа, час поскоро да ве нема, гробари на образованието и МАКЕДОНИЈА!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес