Образовни криминали

Пред некој месец го слушам министерот за образование Јетон Шаќири бил разочаран од резултатите што основците ги покажале на приемниот испит во гимназијата „Орце Николов“, и според кои, од вкупно 292 ученици само 11 добиле петка. Па, изјавува дека ова ја покажува реалната слика на образовниот систем и побара да се испитаат педагошките и психолошките причини за ваквите резултати.

Да министер Шаќири, се сложувам со тебе што изјавуваш: „Ако сакаме да се изгради здрав образовен систем што ќе функционира сериозно да се поработи, а ќе работиме и ќе придонесуваме сите заедно за конкретните состојби, не само со последните случувања во гимназијата ’Орце Николов’, туку воопшто во образованието“.

Да Шаќири, ама зборовите ти се демагошки, невистинити и лажни. Исто како онаа предходната Цароска. Па земај бре Шаќири и прочитај зошто се загрижувачки состојбите во образованието (види: Загрижувачки состојби во образованието)

Доказ е тоа што ТИ Јетон Шаќири (МОН), твојот заменик министер за образование, директорот на Бирото за развој на образованието, директорката на Државниот испитен центар и директорот на Државниот просветен инспекторат, се’ „разбирате“, само образование не. Затоа седнете читајте, ако не знаете, а незнаете, нека ви помогнат вашите советници или меѓународни институции кои го третираат образованието. Која стратегија треба да се прави во образованието од предучилишното и другите степени на образование. Ама сите вас повеќе ве интересира тендери и лични интереси или интереси на вашите политички партии СДС и ДУИ. Дека е тоа така (а по консултација со вашите партии СДС и ДУИ), Ти Шаќири објавуваш тендер за набавка на учебници за учениците дури на 14 јули, кога на страната на порталот Јавни набавки е објавен јавен повик за престојната учебна година која започнува за некоја седмица.

„Министре“ Јетон Шаќири и другите ваши гавази, наместо учебници како што изјавуваш кој си „оптимист“ и си наложил за дел од учебниците да се подготват „материјали“, наместо учебници за првите три месеци од учебната година, ќе учат по некои „материјали“ што ќе ги подготват од Бирото за развој на образованието. За ваквите несериозности и немање стратегија, во нормални држави си поднесуваат неотпивикливи оставки!!

Почитувани читатели, овој лажго наречен „министер“ Јетон Шаќири, ќе ги остави учениците без учебници, а ќе започнат со некои „материјали“ да учат. Ова што го изјавува е срам и е образовен криминал.

Учениците немаат добиено свидетелства, и ќе нема учебници, а дали ќе има или нема зависи од тетовската фирма „Арбериа Десинг“, позната по печатењето на учебници. Оваа фирма блиска на Јетон Шаќири, како и на предходниот министер за образование Арбер Адеми (фрлач на „бомби“ во Собранието кон пратениците), која фирма е донатор на политичката партија на ДУИ, само во изминатите 4 години оваа компанија добила 61 тендер од државата од околу 4 милиони евра (пари од граѓаните на Македонија). Овие министри за образование, ги интересира само тендерите и полнење на политичката партија ДУИ од оваа позната и блиска фирма на ДУИ, кој е и донатор. На повидок е образовен криминал, уцени, корупција, рекет или непотизам во МОН. Затоа треба за ова да позанимаваат институциите ОЈО, ДКСК, Финансиска полиција…

Дека овој т.н.„министер“ за образование не го интересира образованието, тоа се потврдува.

Доволен е овој податок да знаете почитувани читатели

Јетон Шаќири „министер“ за образование, не работел друго освен директор и функционер, на кого над глава му стои спорното именување за доцент на Универзитетот на Мерко во Струга. Токму овој министер бил доцент на универзитетот на Мерко без признаена диплома, и овој треба да го среди образованието, кое одвреме навреме, оти јавноста повеќе ја интересира политиката од образованието, ќе не шокира и освести колку сме неписмени.

Истото ова важи и за оние во Владата, Таче, Груби, Маричиќ, Османи… како и за оној на Водно. Би им препрачал, добро е што од септември (читам) оваа учебна година со Одлука на МОН се воведува шахот во училиштата, како изборен предмет, за прво и второ одделение да се запишат и ги посетуваат часовите по шах, со што ќе научат на добро поведение, мислење, концентрација (бидејќи ја немаат), одлучувања, стратегија (која ја немаат) затоа што неминовно им е потребна. Затоа ни се случува, ова што го нема во ниедна нормална држава: промена на име, идентитет, појава на многу фашистички здруженија со помош на овие од власта.

Почитувани читатели, еве уште еден податок колку се грижат за талентираните ученици:

Овие од МОН  немаат време да им помогнат на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ), кои годинава подржани од Факултетот за информатички науки и комјутерско инжињерство (ФИНКИ) на 34-тата Интернационална олимпијада по Информатика (ИОИ 2022), која се одржала од 7-ми до 15-ти август  во Јогјакарт-Индонезија, македонскиот тим средношколци го постигнаа историски највисокиот резултат во повеќегодишната традиција на ова натпреварување.

На настанот учествувале вкупно 352 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои биле избрани преку годишните национални натпревари во програмирање во земјите учеснички. Во силна конкуренција, досега најдобриот  сребрен медал за Македонија го освојува Благојче Павлески, ученик од Прилеп, со штотуку, завршено средно образование во ПСУ„ Јахја Кемал“ во Скопје. Учениците Марко Танески, истотака од Прилеп, и Тео Китановски од Скопје, освоија бронзени медали.  За жал, заради задоцнета подршка за патување од страна на институциите, и енормно зголемување на цената на авиобилетите македонскиот тим наместо во живо учествуваше на олимпијадата ОНЛАЈН од просториите на ФИНКИ и со тоа на нашите врвни ученици им беше ускратена можност да бидат на лице место заедно со учениците од останатите земји.

Ова е еден пример, колку и како се грижат за образованието, за талентираните ученици, и колку институциите вложуваат во натпреварувања на нашите ученици и колку вложуваат финансиски. Овие ученици се гордост македонска, а  вие КОПУЦИ кои го водите образованието сте срам за образованието!.

Час поскоро да ве нема, гробари на образованието и МАКЕДОНИЈА!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.