Образовно злосторство од инспекциско злосторничко здружение со цел градење на академска кариера!

По добиени бројни анонимни известувања, но и со познат идентитет заради почитување на ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС, кој е над секој друг интерес, решив да обелоденам пред нашата јавност сомнежи за два примери на системска корупција, сомнежи кои во една правна држава веднаш ќе значат вклучување на системот за проверка на овие известувања. Повеќе пати имам пишувано за овие две лица, посебно место им посветив и во моите книги, пред се’ за да ја помогнам борбата против корупцијата и пред се’ во јакнење на ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС.

Случај: Академско напредување на Државниот просветен инспектор Зоран Ристески, вработен во Државен просветен инспекторат

Во првото анонимно известување со кое ме информираат за злоупотреба на службена положба со влијание од позиција инспектор надлежен за контрола и надзор на универзитетите и другите високообразовни институции во нашата држава е наведено: „користејќи ја службената положба од позиција на Државен просветен инспектор при вршење на своите службени активности, односно при вршење на инспекциски надзори на Славјанскиот универзитет во Свети Николе и Битола се стекнал со взаемни блиски односи со директорот на Универзитетот Борче Серафимовски, преку кого истиот ја  доставува неговата диплома за завршено високо образование од Факултетот за физичка култура при УКИМ-Скопје, се запишува на Правниот факултет-при Славјанскиот универзитет во Свети Николе, со посредство на деканот Иван Ефремовски (од Кочани) во рекордно време и со максимална оценка дипломира-магистрира и се стекнува со научно звање МАГИСТЕР по право. Експресно, Државниот просветен инспектор Зоран Ристески, се запишува на ДОКТОРСКИ студии по право на Правниот факултет –Кичево при УКЛО-Битола. И тоа со интензивни залагања и ургенции од страна на деканот ( а сега проректор) Горан Илиќ кој “наводно” му препорачува ментор со кого истите студии ќе се регулираат навремено, брзо и успешно (преку истиот за експресно време да стане Доктор по правни науки…). Особено е да се напомене токму Иван Ефремовски кој е декан на Правниот факултет  на Славјанскиот универзитет е најголем поддржувач, поттикнувач и воедно вршител на сите ургенции околу полагање на испитите на просветниот инспектор Зоран Ристески (со оглед на тоа што  истиот ниту еден испит не го полагал ниту пак се јавил во група за полагање…???) и за да без никаков проблем да течат постапките околу неговото редовно завршување на испити и други тековни активности кој образовен процес за стекнување со такво научно звање трае пет години и за кој период се предвидени испити на Правниот факултет за полагање…

Како да се влезе во трагата на овие актери и да победи правдата? Според моето досегашно искуство во Државниот просветен инспекторат, предлагам: а) да се изврши  детален увид  во персоналното досие на лицата Зоран Ристески-Државен просветен инспектор и неговата сопруга и притоа  да се утврди на кој начин е извршена еквивалнеција на испитите кои му се признати од Факултетот за физичка култура во студиската програма на Правниот факултет во Славјанскиот универзитет? б) партиципацијата-плаќање на школарина, испити и други тековни трошоци, од каде ќе се утврди точно-евентуално времето кога е извршена наплатата, од кои извори, или пак како што постојат нашите извори дека истиот е ослободен од плаќање на школарина и е субвенциониран-стипендиран (“почестен”) од страна на Универзитетот? Инспекцискиот совет, Антикорупциска комисија и МВР да утврдат дали постои судир на интереси и системска корупција кои извираат од  работната положба и овластување на државниот просветен инспекторат и со интересот на Универзитетот (добивање на повластена состојба при вршење на надзори од Државниот просветен инспекторат, односно од него лично и од неговите колеги врз кои е можно взаемно влијание..), в) да се изврши детален увид во списите и деловодните книги во Државниот просветен инспекторат во последните пет (5) години-последователно се до денот на доставување на ова писмо, а во врска со следното: кога, со какви акти-задолженија Зоран Ристески-Државен просветен инспектор, извршил службени активности, инспекциски надзор, контрола во Славјанскиот универзитет во периодот кога студирал таму. И какви мерки и постапки презел во врска со задолженијата на Славјанскиот универзитет, бидејќи неговото честење од Славјанскиот универзитет со диплома дипломиран правник и М-Р-правник кореспондира со злоупотреби со неговата службена положба и овластувања…“.

Случај: Академско напредување на Државниот просветен инспектор Христина Јовановска, вработен во Државен просветен инспекторат.

Врз основа на моја претставка извршен е вонреден инспекциски надзор од просветен инспектор Африм Саљиу за наводите за Советникот – Државен  просветен инспектор Христина Јовановска, со кој се констатира дека „студентот“ – Државен просветен инспектор, е запишана на ден 03.10.2019 година на Меѓународниот Славјански универзитет-Свети Николе на Факултетот за економија и организација на претприемништво за упис на втор циклус студии на студиска програма Менаџмент за човечки ресурси на мали и средни претпријатија, во академската 2019/2020 година. Запишана под реден број 1045 во матичната книга. Во академската 2019/2020 година, кандидатката „студент“-Државен просветен инспектор Христина Јовановска има положено вкупно шест (6) испити, се стекнала со 60 ЕКТС кредити со просечен успех од 9.83. По положените испити на ден 30.09.2020 година, има поднесено барање на тема магистерски труд, со наслов: Организациска култура како детерминанта на современиот менаџмент, со посебен осврт на состојбите во Република С. Македонија. Ја одбранила магистерската добива уверение бр.12-57/2 од 19.02.2021 година за завршен втор циклус на студии. По магистрирањето е запишана во Главната книга на магистрирани студенти. Го подмирила финансиското побарување од 89.250,00 денари за школувањето….Но, Државниот просветен инспектор при вонредниот инспекциски надзор Африм Саљиу свесно не констатира дека „студентката“-Државен просветен инспектор Христина Јовановска, е запишана вонредно. И никаде просветниот инспектор Африм Саљиу не констатира дека студентот-Државен просветен инспектор Христина Јовановска е вонреден студент и која е постапката на вонредниот „студент“, дека мора да има одобрување за отсуство од работа од претпоставениот, во конкретниот случај од  директор на Државниот просветен инспекторат. Воедно Државниот просветен инспектор Африм Саљиу свесно  не констатира суштинска постапка дека „студентот“-Државен просветен инспектор Христина Јовановска извршува инспекциски надзор на високообразовните институции, а во тие рамки и на овој Славјански универзитет во Свети Николе, со што има судир на интереси со влијание. Со што може да се констатира дека инспекторот Африм Саљиу извршениот вонреден инспекциски надзор го извршил нестручно, несовесно извршен, не ја утврдува фактичката состојба, односно непрофесионален однос во извршување со прикривање на факти. Што е спротивно на Законот за инспекциски надзор. Спротивно на член 35 став 3 од Законот за просветна инспекција каде што„ ја злоупотребуваат службената должност…“ и Што е спротивно на член 2 став 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси (Сл.весник на РМ.бр.12/2019) каде што: „ под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности“.

Поради евидентната солидарност помеѓу инспекторите во Државниот просветен инспекторат, а со цел да бидам во функција на јавниот интерес, бев принуден да поднесам  претставка (која е заведена во архивата на под-бр.03-1775 и 03-1776 од 01.12.2022г.) до Државниот просветен инспекторат со барање:

  1. Дали е точно дека Христина Јовановска – Советникот државен просветен инспектор, на Славјанскиот универзитет во Свети Николе, магистрирала (не стои на кој факултет) и била ослободена од плаќање за да може да магистрира?
  2. Ако е точно. Кога е запишана Христина Јовановска и која година во Матичната книга на втор циклус на студии и кога магистрирала, дали е заведена во Главната книга на дипломирани и која година.
  • Дали е точно дека Зоран Ристески – Советник државен просветен инспектор, на Славјанскиот универзитет во Свети Николе, завршил додипломски студии (прв циклус) на Правниот факултет. И бил ослободен од плаќање за да може да дипломира. Ако е точно. Кога е запишан Зоран Ристески и која година во Матичната книга на прв циклус на студии и кога дипломирал на додипломски студии. Дали   е заведен во Главната книга на дипломирани  и која година. Дали е ослободен од плаќање?
  • Дали е точно дека по завршувањето на додипломските студии на Правниот факултет на истиот универзитет (Славјанскиот) Зоран Ристески завршил и магистерски студии (втор циклус) на Правниот факултет- Свети Николе. Ако е точно. Кога е запишан Зоран Ристески и која година во Матичната книга на втор циклус на студии и кога магистрирал, дали   е заведен во Главната книга на дипломирани на втор циклус студии и која година. Дали е ослободен од плаќање за завршените студии?!

За наводите по претсавката, а во врска со анонимните известувања од страна на Државниот просветен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор од просветен инспектор Даниела Кироска за наводите за Советникот државен  просветен инспектор Зоран Ристески, со кој се констатира дека „студентот“ Државен просветен инспектор, се запишува на прв циклус на студии на 25.08.2017 година на Меѓународен Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе. Инспекторот-„студент“-Зоран Ристески, запишан е во матична книга на запишани студенти на прв циклус на студии под ред.бр.2670,бр.на досие1781004, како вонреден студент во академската 2017/2018 година на Факултетот за правни науки, стекнат стручен назив дипломиран правник со 8 (осум) семестри, 240 кредити. Од досието на инспекторот-„студент“ Зоран Ристески приложено е барање бр.13-07/225 од 24.09.2019 до Деканот на Факултетот за правни науки дека истиот бара предвремено полагање на испити од трета година, согласно Правилникот  од Универзитетот донесен на 28.01.2019 година, за предвремено полагање на испити за студентите на Меѓународен Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола. Од страна на високообразовната установа истото му е одобрено со Одлука бр.13-428/1 од 31.10.2019 година и истото барање е потпишано од деканот на факултетот. Од досието на Зоран Ристески приложеното барање бр.13-23/1 од 21.02.2020г. до Деканот на Факултетот за правни науки дека истиот бара предвремено полагање (по втор пат) на испити од седми и осми семестар. Од страна на високообразовната установа, истото му е одобрено со Одлука бр.13-32/1 од 10.03.2020 година и истото  Барање е потпишано од деканот  на Факултетот. Од инспекторот-„студент“ Зоран Ристески е приложен Записник бр.13-159/1 од 14.07.2018 година, за извршена одбрана на дипломски труд, со комисија во состав проф.д-р (прешкртано не се чита) претседател, проф.д-р ((прешкртано не се чита) ментор, проф.д-р (прешкртано не се чита) член,место и датум на одбрана Свети Николе, 14.07.2020 година. За инспекторот Зоран Ристески приложено е Уверение бр.13-159/2 од 14.07.2020 година, за завршен прв циклус на студии, студиска програма: Факултет за правни науки-насока  Казнено право, година на запишување 2017/2018 година, на завршување 14.07.2020 година, со вкупно положени 31 испит и 32-изработка на дипломски труд на Приватната високообразовна Установа Меѓународен Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола. За инспекторот-„студент“  Зоран Ристески заведен е во Главната книга на дипломирани студенти под ред.бр.2455 број на досие 1781004, со стекнат стручен назив: диплопмиран правник и стекнати 240 ЕКТС кредити, во академската 2020/2021 година.

Никаде од вонредниот инспекциски надзор во Записникот бр.09-1775 од 20.01.2023 година, Просветниот инспектор Даниела Кироска во овој дел од завршувањето на додипломските студии на Правниот факултет-насока Казнено право на „студентот“ – инспектор Зоран Ристески, не констатира дека за нецели две години ги завршил додипломските студии на Меѓународен Славјански  универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе и пред да заврши со првиот циклус на студии се запишува на втор циклус студии, инспекторот Даниела Кироска хронолошки наведува без да навлезе во законската  суштина.

Констатирам законски пропусти  на Просветниот инспектор Даниела Кироска

По извршениот вонреден инспекциски надзор  од страна на Државниот просветен инспектор Даниела Кироска, именуваната не го почитува чл.72 став 5 од Законот за инспекциски надзор каде што: „…инспекторот е должен да го извести подносителот за резултатите од инспекцискиот надзор“, која е законски должна  да го извести подносителот во писмена форма, дека извршила вонреден инспекциски надзор на Славјанскиот универзитет Свети Николе, и за наводите кои ги констатирала од вонредниот инспекциски надзор за случајот на инспекторот-„студент“ Зоран Ристески ( за додипломски и магистерски студии).

Од извршениот вонреден инспекциски надзор Записник бр.09-1775 од 20.01.2023 година на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола од страна на просветниот инспектор Даниела Кировска, истиот  е нестручно, несовесно извршен, не ја утврдува фактичката состојба, односно непрофесионален однос во извршување со прикривање на факти што е спротивно на Законот за инспекциски надзор и спротивно на член 35 став 3 од Законот за просветна инспекција каде што: „ја злоупотребуваат службената должност…“ и е спротивно на член 2 став 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси (Сл.весник на РМ.бр.12/2019) каде што:„ под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности“.

Во конкретниот случај Државните просветни инспектори- „студенти“ Зоран Ристески и Христина Јовановска, како Државни просветни инспектори за високо образование извршувале и извршуваат инспекциски надзори на овие универзитети во Свети Николе и Правниот факултет во Кичево при УКЛО-Битола, што е спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси (Сл.весник на РМбр.12/2019), како што наведов е спротивно на член 2 став 3 од истиот Закон. Воедно со ваквите дејанија на  инспекторите согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси, овие инспектори согласно член 8 став 7 го губат „интегритетот“ што подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно  вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата…“.

Неконстатирани пропусти за прв циклус на студии од страна на инспекторот Даниела Кироска

Во записникот на Државниот просветен инспектор Даниела Кироска, која НЕ КОНСТАТИРАЛА, а требала да констатира како факт,  дека инспекторот-„студент“ Зоран Ристески треба да поднесе барање за упис во академската 2017/2018 година, врз основа на објавен Конкурс, согласно член 149 од Законот за високо образование, каде што стои: „начин на запишување на студии се врши врз основа на јавен Конкурс, кој го објавува  универзитетот и тоа пет месеци пред започнување на наставата…“ ??? Тоа е голем законски пропуст  на инспекторот Даниела Кироска!?? Склучениот Договор за студирање на прв циклус на студии на Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола, помеѓу ректорот од една страна и од друга страна Зоран Ристески-„студент“ (просветен инспектор) и од Договорот треба да се објасни кои му се правата и обврските за студирање, како и финансиските обврски по семестар за студентот. Тоа е изоставено од инспекторот Даниела Кироска? Треба да знае инспекторот Даниела Кироска, ако „студентот“- инспектор е запишан како вонреден студент, во конкретниот случај инспекторот – „студент“, Зоран Ристески. Се знаат кои се условите за вонреден студент. А, тоа е: дали има доказ од институцијата  Државен просветен инспекторат писмен доказ – потврда потпишана од раководителот на институцијата (директорот) дека е вработен во Државниот просветен инспекторат во својство на инспектор на неопределено работно време, понатака за натамошно негово отсуство од работа за извршување на студентските активности. Во записникот тоа не е констатирано? Исто така одобрување за предвремено полагање и негово одобрување дава Наставно-научниот совет на факултетот како највисок орган, а деканот спроведува тоа е законски пропуст!!!

Предвременото полагање на испити на инспекторот Зоран Ристески – „вонреден студент“ е злоупотреба на универзитетот, односно деканот на Факултетот. Имено деканот на факултетот за правни науки му одобрува со Одлука бр.13-428/1 од 31.10.2019 година, па за 4 месеци истиот декан на Правниот факултет на овој универзитет носи Одлука бр.13-32/1 од 10.03.2020 година, (по  втор пат) му е одобрено. Незаконито-злоупотреба. Се суспендира наставно-научниот совет. Тоа е злоупотреба на деканот и институцијата. Треба да се поведе законска постапка за злоупотреба на деканот на Правниот факултет на Славјанскиот универзитет во Свети Николе??!!

Инспекторот Даниела Кироска, од приложениот Студентски картон на „студентот“-инспектор Зоран Ристески, не дава конкретно како е исполнет учебниот план и програм од 8 (осум) семестри, согласно член 158 од Законот за високо образование во однос на: „Водење и заштита на личните податоци…личен картон за секој студент на започнување на студиите до завршување на студиите односно до отпишувањето…“. Инспекторот не констатирал, што е законски пропуст за несовесно работење!?

Ова е неразбирливо со Записник бр.13-159/1 од 14.07.2018 година, за извршена одбрана на дипломски труд со комисија, место на одбрана Свети Николе  14.07.2020 година. Инспекторката Даниела Кироска, треба да објасни која е логиката „за извршена одбрана на дипломски труд на 14.07.2018 година. Комисијата непозната, не се знае дали е соодветна од научната област и се наведува датум на одбрана на 14.07.2020 година. Ова е нестручно, несовесно постапување на инспекторт Даниела Кироска. Што треба да и се поведе дисциплинска постапка за непрофесионално и незаконско работење!!!? Со што го прекршила  член 35 став 3 од Законот за просветна инспекција-„ ја злоупотребува службената должност“.

Точно е што констатира инспекторот Даниела Кироска за издаденото Уверение бр.13-159/2 од 14.07.2020 година, за завршен прв циклус на студии, студиска програма Факултет за правни науки-насока Казнено право, година на запишување 2017/2018 година, на завршување на 14.07.2020 година, декан проф.д-р Александар Илиевски (тоа јас го констатирам од Уверението). Но инспекторот Даниела Кироска не констатира (свесно)  дека согласно член 134 став 1 од Законот за високо образование стои:„Првиот циклус на академски студии (додипломски студии) трае три или четири години и со неговото завршување се стекнуваат 180,односно 240 ЕКТС кредити“.

Инспекторот Даниела Кироска свесно не констатира дека  „студентот“инспектор Зоран Ристески ги завршил додипломските студии на Правниот факултет-Казнено право со 240 ЕКТС кредити за нецели две (2) години со завршување на 14.07.2020 година.

КИРОВСКА, ДАЛИ ПРИ НАДЗОРОТ ГО ПРОНАЈДОВТЕ РЕШЕНИЕТО ЗА ЕКВИВАЛЕНЦИЈА НА ИСПИТИТЕ КОИ ЗОРАН РИСТЕСКИ ГИ ПОЛОЖИЛ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА КАКО УСЛОВ ДА ОСТВАРИ ВЛЕЗ ВО ПОВИСОКА ГОДИНА НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ НА СЛАВЈАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ? ДАЛИ ПОСТОИ ВООПШТО КОМПАТИБИЛНОСТ НА ОВИЕ ПРОГРАМИ???

Од записникот кој го изготвува инспекторот Даниела Кироска свесно го прикрива износот на плаќање кој треба да бидат во Личното досие на „студентот“ инспектор Зоран Ристески. Ова е несовесно и непрофесионално работење со прикривање на факти.

За вториот циклус на студии на Меѓународен Славјански  универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе, инспекторoт Даниела Кироска констатирала:

Од досието на „студент“-инспектор Зоран Ристески приложена е диплома бр.1575 од 24.05.2006 година за завршен  прв циклус на студии на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје. На 31.10.2019 година, Советникот државен просветен инспектор за „студент“-инспектор Зоран Ристески, има поднесено  Барање бр.13-427/1 од 31.10.2019 година за запишување на втор циклус студии.  На 31.10.2019 година, склучен е Договор за студирање на студентите на втор циклус на студии на Факултетот  за правни науки на  Меѓународен Славјански  универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола претставувано од  ректорот и  од друга страна „студент-инспектор Зоран Ристески. „Студентот“ – инспектор Зоран Ристески е запишан во матичната книга на запишани студенти на втор циклус студии под реден број1172 број на досие М197031 назив на претходно завршени студии од прв циклус дипломиран професор по Физичка култура во академската 2019/2020 година назив на студиска програма: Административно право и јавна администрација и стручен назив кој се стекнува со завршување на студиска програма магистер по правни науки. За „студент“- инспектор Зоран Ристески приложен е записник бр.13-118/1 од 20.05.2021 година за извршена  одбрана на магистерски труд со комисија во состав (записнички се прешкртани), место и датум на одбрана Свети Николе, 20.05.2021 година и стекнат академски/стручен назив магистер на правни науки-административно право и јавна администрација. „Студентот„-инспектор  Зоран Ристески е заведен во Главната книга на дипломирани студенти, под реден број 565, број на досие М197031, со стекнат стручен назив: Магистер на правни науки и стекнати 60 ЕКТС кредити во 2021 година.

Неконстатирани пропусти за втор циклус на студии од страна на инспекторот Даниела Кироска           

Не ја знам логиката на инспекторот Даниела Кироска, која е важноста на приложената диплома на Зоран Ристески бр.1575 од 24.05.2006 година за завршен  прв циклус на студии на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, Славјанскиот универзитет-Свети Николе што го истакнува.??? Требало да ја наведе и магистерската од Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје! Која е сродноста на додипломски Физичка култура со Магистерска на Правен факултет-магистерска? Чудно, која е логиката, кога „нели завршил додипломски студии Правен факултет на Славјанскиот универзитет во Свети Николе??? Што значи не завршил додипломски студии на Славјански универзитет Свети Николе? Ова е познато само на инспекторот Даниела Кироска.Ова е законски прекршок!

Со потпишувањето на Договорот направен е законски пропуст како на Ректорот на универзитетот и „студентот“-инспектор Зоран Ристески, од причина што со недовршен прв циклус на студии се запишува на втор циклус и склучува Договор, што е кривично дело и злоупотреба со влијание. Ова не го констатира и инспекторот Даниела Кироска кој врши инспекциски надзор СО ВАЖНИ ПРОПУСТИ.

Инспекторот Даниела Кироска, наведува дека „студентот“-инспектор Зоран Ристески, го одбранил магистерскиот труд (м.з. незаконито спротивно на ЗВО, пред да дипломира на прв циклус на студии се запишува на втор циклус, пред време). Воедно, нејасно е зошто се крие составот на комисијата, кој е многу важно согласно законот, комисијата треба да е соодветна за одбрана на магистерскиот труд. Кој е незаконит. Тоа инспекторот Даниела свесно го одбегнува, со што ја злоупотребува службената положба!!?

Инспекторот Даниела Кироска наведува дека „студентот“-инспектор Зоран Ристески со приложеното Уверение бр.13-118/2 од 20.05.2021 година, положил испити од втор циклус но не ги наведува предметите  да биде појасно. Магистерски труд е со наслов: Управувањето со јавните служби со посебен осврт кон моралот и одговорноста“. Инспекторке Даниела Кироска, каде ви е моралот и одговорноста на ваквото инспекциско злосторничко здружение???

Инспекторката Даниела Кироска не наведува од личното досие на „студентот“-инспектор Зоран Ристески, колку финансиски средства уплатил за школарина на додипломски студии, а воедно и за магистерски студии. Што има сомнеж за образовен финансиски криминал кој бара целосно преиспитување! Во однос на наводите за уплата на студиите, инспекторот Даниела Кироска наведува: „Државниот просветен инспекторат не е надлежен поради што истото ќе се достави до надлежен орган на негово запознавање, надлежност и понатамошно постапување“???. Ова е свесно незнаење. Мора да е во студентското досие. Прашај ги колегите Африм Саљиу и Снежана Најдовска!

Инспекторот Даниела Кироска, пропушта да констатира дека Зоран Ристески, просветен инспектор при ДПИ, се запишал на Славјанскиот универзитет во Свети Николе на прв циклус на студии на Правниот факултет во академската 2017/2018 година на додипломски студии, односно се запишал на додипломски студии (прв циклус) на Правниот факултет на ден 24.08.2017 година. Завршил-дипломирал на додипломски (прв циклус) на 14.07.2020 година со просек 9,03. Со што се стекнал со звање дипломиран правник. Со 240 ЕКТС. Согласно ЗВО член 134 став 1 стои: Првиот циклус на академски студии трае три  или четири години, а со неговото завршување се стекнуваат со 180 (тригодини) односно 240 (четири години) ЕКТС кредити. И се стекнува со звање дипломиран правник.

Да ја потсетам инспекторката Даниела Кироска, да го провери Записникот од извршен инспекциски надзор под бр.09-414 од 28.12.2022 година, на инспекторката  Снежана Најдовска која имаше задолжение  да постапи по наводите, а по однос на тоа: Дали Државниот просветен инспектор Зоран Ристески се запишал на докторски студии на Правниот факултет во Кичево при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, која меѓу другото  од Студентското досие на „студентот“-инспектор Зоран Ристески  меѓу другото како документација стои:  дека има уплатници за уплата на: прв семестар, од 02.12.2021, втор семестар од 17.03. 2022 година и трет семестар од  22.09.2023 година. Или од Записникот бр.09-1775 од 16.01.2023 г. каде што цел на инспекцискиот надзор е да се утврди постапката за запишување, студирање и магистрирање на Советникот Државен просветен инспектор Христина Јовановска на Меѓународен Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе- Битола, инспекторот Африм Саљиу констатира дека кандидатката Христина Јовановска во текот на студирањето на втор циклус на студии на Меѓународен Славјански  универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола ги има подмирено и финансиското побарување од 89.250,00 денари за школувањето. Во досието не е најден документ дека истата е ослободена од плаќање на финансиски средства за школувањето. Така што не е потребно да се проверува никаква друга институција. Туку инспекторот Даниела Кироска при Државниот просветен инспекторат е должна да провери дали платил школарина на додипломски и магистерски! Ова е манипулација и злоупотреба на службената положба и сомнеж за образовен криминал.

Ајде надлежни институции постапете во која ви е доставена целокупната документација: Државен просветен инспекторат, Инспекциски совет арх.бр.УПП 16-20/23, ДКСК арх.бр.12-906/1 од09.02.2023г. Очекувам одговор!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес