Обрван ги избра 16-мината со кои ќе го стартува првенството

Селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван се реши со кои 16 ракометари ќе игра во првата фазата од натпреварите, објави официјалната интернет стран на капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров.

Од листата отпаднаа Никола Митревски, Никола Маркоски, додека Немања Прибак нема право на настап. На вечерашниот дуел со Данска ќе играат: Ристовски, Ангелов, Димовски, Стоилов, Георгиевски, З.Мојсовски, Манасков, Ојлески, К.Лазаров, Митков, Миркуловски, Пецаковски, Јоновски, Велко Марковски, Стојчевски и Ангеловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.