Обрван верува дека Македонија ќе се пласира на ЕП

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Хрватот Ивица Обрван,верува дека црвено – жолтите ќе се пласираат на Европското првенство во Полска во 2016 година. Македонија во квалификациите ќе игра во шестата квалификациска група со селекциите наФранција, Чешка и Швајцарија. Обрван истакана дека Франција е прв фаворит за лидерската позивија, но и декаМакедонија не е за потценување.

„Добивме силнагрупа со квалитетни противници. Но, верувам дека Македонија може да се пласира на ЕП. Имаме одлични ракометари и сметам дека може да ја оствариме посакуваната цел. Како прв фаворит ја гледам Франција, но и нашата селекција не е за потценување“, изјави Обрван.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.