ОБСЕ: Досега нема информации за проблеми, прелиминарната оценка утре

157
обсе

Тој истакна дека прелиминарната оценка за текот на изборите ќе биде дадена во текот на утрешниот ден, откако ќе се сублимираат забелешките и резултатите од целодневното набљудување на изборниот процес.

Посочи дека имаат 250 краткорочни набљудувачи кои се распоредени низ целата земја.

Гулијев го посети избирачкото место заедно Специјалниот координатор одговорен за предводење на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Македонија, Роберто Батели.

Батели се согласува со ставот на неговиот колега дека оценката може да се даде по завршувањето на избирачкиот процес. Досега, додаде, нема информации за какви било недостатоци на избирачките места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.