ОБСЕ повика да му се овозможи на СЈО непречено да работи

Шефот на Мисијата на ОБСЕ Клеменс Која, денеска изрази загриженост за законот за обвинителство и ги повика сите политички партии да постигнат согласност и да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи. Тој во обраќањето на презентацијата на вториот преоден извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, кажа и дека исто така е важно обвинителството да продолжи да работи на независен и професионален начин.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека очекува законот за СЈО да биде донесен што е можно побрзо и да се овозможи Обвинителството да работи со проширени надлежности. Според неа, СЈО во изминатите 3 и пол години се обидува да остане во рамките на мандатот, а со тоа да му овозможи на судот доволно докази за да донесе соодветни пресуди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.