ОБСЕ со осуда за антисемитизмот и говорот на омраза на СДСМ

107

И Мисијата на ОБСЕ во Скопје го осуди говорот на омраза и антисемитизмот на СДСМ. Иако директно не го посочуваат „виновникот“ за ширењето на истото, од соопштението е јасно на кого и на чии партиски војници се однесува јавната осуда на реноимираната светска организација. За потсетување, минатите денови членови на СДСМ, делови на пи-ар тимот на Владата и нивни активисти упатија редица навреди и антисемитски изјави на адреса на техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи. СДСМ до денешен ден не се огради директно од своите членови, само лидерот на партијата Зоран Заев декларативно се огради од антисемитизмот. До сега неманикаква казна или исклучување за нивните членови.

Денеска, Мисијата на ОБСЕ упати изразува силна и директна осуда на сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција.

На својата официјална страница на Фејсбук, мисијата на ОБСЕ ги повика членовите и поддржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етничка, верска или друга основа.

Предизборните периоди се времиња кога државите се особено ранливи на говор на дискриминација и нетолеранција, што може да доведе до сериозни последици. Податоците на Мисијата и на локалните НВО од изминатите седум години покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Македонија историски бележат пораст за време на предизборните периоди, особено по основ на етничка и политичка припадност – се наведува во апелот ОБСЕ.

Мисијата додава дека ова е особено важно време за државата, имајќи ги предвид спроведувањето на стратешките цели на Македонија. ОБСЕ посочува и дека слободни, фер и избори без говор на омраза се неопходни за земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.