Обвинение против Тони Михајловски

Јавното обвинителство поднесе обвинение против актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски поради закани кон новинарот Бранко Тричковски.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице- новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот, велат од ОЈО.

Кривична пријава против Михајловски, кој на својот фејсбук профил напиша дека би можел да го убие Тричковски без да му трепне око, поднесе Здружението на новинари на Македонија.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.