Обвинение за новинарот на Инфомакс што го објави исказот на Камчев; МАН ова е притисок врз новинарството

Новинарот и уредник на порталот Инфомакс кривично ќе одговара за оддавање на службена тајна. Обвинителството му поднесе обвинение, поради објавениот исказ на сведокот Орце Камчев за случајот Рекет. Доколку има докази,  Обвинителството кривично ќе го гонело и  лицето кое му ги предало документите.

-Обвинителството го поднесе обвинението до Основниот кривичен суд Скопје откако по објавата на записникот на споменатиот интернет портал беа направени потребните проверки и беа обезбедени материјалните докази за наведеното кривично дело, согласно Законот за кривична постапка,  пишува во соопштението од Обвинителството.

За Митовски ова е очекувано, особено по заканите кои тврди дека ги добил по објавувањето на документот. Тој е убеден дека не станува збор за доверлив документ.

Од Македонска асоцијација на новинари ја осудија ваквака одлука на Обвинителтвото и бараат да се повлече обвинението, со образложение дека на овој начин се вршат притисоци врз новинарството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.