Обвинета поранешна американска агентка откако пребега во Иран

Поранешна американска воена агентка обвинета е во САД за шпионажа во полза на Иран, објавија во средата неколку високи функционери.

Триесет и деветгодишната Моника Вит, која од 1997 до 2008 година работела за амриканското воено воздухопловство во службата за контрашпионажа и потоа како советничка до 2010 година, обвинета е дека пребегнала во Иран во 2013 година од „идеолошки“ причини, прецизирале функционерите на прес-конференција во Вашингтон.

Вит е осомничена дека „на иранскиот режим му открила тајна раузнавачка програма и идентитетот на еден агент на американската разузнавачка служба, со што го довела во опасност неговиот живот“, изјавил Џон Демерс, заменик министер за правосудствот. Додал дека против Американката е распишана меѓународна потерница.

Четворица Иранци, исто така, се обвинети поради водење кибернетички напади на најмалку осум поранешни колеги на Моника Вит во 2014 и 2015 година. Тие се осомничени дека во нивните компјутери се обиделе да внесат софтвер поврзан со елитната иранска Гарда на чуварите на исламската револуција (IRGC).

„За САД е тажен ден кога еден американски државјанин ќе ја предаде својата земја. Уште потажно е што станува звор за припаднил на вооружните сили“, додал Демерс.

Министерот за финансии најави санкции против иранската компанија „New Horizon“, обвинета дека организирала конфренции кои бил платформа за регрутирањето на Моника Вит. На уште една иранска компанија осомничена дека учествувала во кибернетичките напади ѝ се одредени санкции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.