Обвинетиот ексградоначалник Тони Трајковски презентира докази во случајот „ТНТ“

Со изведување докази, предложени од одбраната, во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Станува збор за околу стотина материјални докази, меѓу кои и измени и дополнувања на ДУП за Керамидница во Општина Гази Баба, планска документација и извештаи.

Во случајот „ТНТ“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, спроведен од притвор, како и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.