Обвинетите за 27 април до вторник можат да бараат амнестија

Законот за амнестија стапи на сила. Обвинетите за собраниските инциденти до вторник можат да бараат амнестија. За тоа кој ќе биде ослободен ќе одлучува судот, со мислење на шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска. Дел од обвинетите нема да бараат помирување, a дека ќе бараат амнестија најавија Горанче Ангеловски Ќосето и Иван Цветановски.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ оспорува дека сè уште не е донесена пресудата. Процесот за собраниските инциденти е речиси при крај, што практично, запира за тие кои ќе бидат амнестирани.

„Решение за амнестија, според одредбите од овој закон го донесува судот, кој ја донел првостепената одлука. Ние првостепена одлука немаме во овој предмет. Сè уште и прашање е кога ќе има, тоа е една од мааните на овој закон. Второ, самата проценка кој, каква улога одиграл, некаде може да биде многу јасно како што е предметот за обидот на убиство на Зијадин Села, таму е јасна ситуацијата, не можат да бидат амнестирани според законот. Но, многу е проблематично во овој предмет“, изјави адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

Од законот не е задоволна и Руковска, која вчера рече дека не е прецизен.

Јане Ченто и Игор Југ најавија дека нема да бараат амнестија.