Обвинител нареди вештачење на човечкиот труп во распаѓање пронајден близу резерватот „Јасен“

Јавно обвинителство информира дека е извршен увид на безживотното човечко тело во распаѓање што вчера попладне, како што објавивме претходно, го пронашле полициски службеници на местото викано Осој во атарот на селото Чајлане, во близина на патот кон Националниот парк „Јасен.

„Местото веднаш е обезбедено, а денеска, започнувајќи од утринските часови, извршен е увид на лице место од страна на јавен обвинител и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи.

На местото на настанот беше присутна и екипа на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. Во текот на увидот, по наредба на јавен обвинител, телото е откопано и веднаш е предадено за обдукција. Обезбедени се траги од лице место и по наредба на јавниот обвинител тие ќе бидат извештачени. Воедно, ќе се прават и други проверки за да се утврди идентитетот на лицето, причините за смртта и причините заради кои телото било закопано на таа локација“, велат од Обвиниелството. ​​