Обвинители од СЈО ќе сведочат денеска во „Рекет“

57

Во Кривичниот суд денеска се очекува да продолжи судењето за случајот „Рекет“ со  сослушување на сведоците на Катица Јанева.

Таа предожи 13 сведоци и тоа обвинителите од СЈО Ленче Ристоска,  Гаврил Бубевски, , Фатиме Фетаи и Трајче Пеливанов.

Првообвинет е Бојан Јовановски за  кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Зоран Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Освен „Рекет“ и покрај вонредната состојба во земјава предизикана од коронавирусот со одлука на судот продолжуваат и судењата за , „ТНТ“, „Таргет-Тврдина“, „Монструм“, „Титаник 2“, „Титаник 3“, „27 април“, „Транспортер“…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.