Обвинителите шокирани – Јанева бара месечно над 200.000 евра само за плати!

Обвинителите шокирани - Јанева бара месечно над 200.000 евра само за плати!
Обвинителите шокирани - Јанева бара месечно над 200.000 евра само за плати!

Неверојатни 211.000 евра месечно само заплати без придонеси побарува специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од граѓаните на Македонија. Финансискиот план кој вчера го објави „Прес 24“  ја зовре атмосферата меѓу македонските обвинители. Тие се револтирани од мегаломанството на обвинителката и сликата која ја остава пред јавноста за обвинителската фела во Македонија, пишува порталот.


Математиката вели, дека со 211.000 евра месечно за плати и надоместоци, сите 124 вработени во Специјалното јавно обвинителство би земале плата во просек од околу 1700 евра, а тоа е за скоро 5 пати повеќе од просечната плата во Македонија. Тоа значи дека и чистачката и хаусмјсторот но и возачите па и сите 30 бодигарди на Јанева на месечно ниво би земале повеќе плата од она што една просечна хигиеничарка го зема за една цела година.
Но луѓе кои треба да бидат дел од новото обвинителство за Press24 велат дека помошниот персонал ни за неколку месеци нема да земе плата од 1700 евра, односно дека нивните плати ќе се движат во рамките на просекот.

Според персоналниот план на Јанева кој вчера го објави Press24 во Специјалното јавно обвинителство ќе бидат вработени 45 стручни лица и 79 лица кои ќе бидат технички персонал.
Под претпоставка дека овие 79 лица добијат фантастична плата од 1000 евра месечно (што за хигиеничарка или возач е на ниво на премија) пресметките велат дека секој од стручните кадри на Јанева ќе добива месечна плата од најмалку 3.000 евра.

Дел од обвинителите кои ги контактиравме велат дека оваа сума Јанева им ја ветувала на многу обвинители кои одбивале да и се приклучат во нејзиниот тим. Тие се сомневаат во објективноста на новото специјално обвинителство и од тие причини не сакале дамка во сопствената обвинителска кариера. Од тие причини, за да ги привлече во сопствените редови Јанева им ветувала фантастични суми кои во некои случаи, како што велат тие достигнувале и до 5.000 евра месечна плата.

Уште еден скандалозен податок е и фактот дека Јанева од буџетот бара пари за последните три месеци годинава, а во својот работен план најавува дека оваа година ќе работи само во ноември и декември.

 

 

За една година работа граѓаните на Македонија на Јанева и нејзиниот тим ќе треба да и платат неверојатни 4 милиони евра. За споредба, целото Министерство за правда годишно троши околу 5,9 милиони евра, а само Обвинителството за организиран криминал во кое се работат најтешките случаи, годишно троши помалку о половина милион евра. Околу 4,6 милиони евра, според Буџетот за 2015 година, потрошило целото Министерство за информатичко општество и администрација.

Медиумите веќе отворија сомнеж дека специјалното јавано обвинителство ќе се користи како простор за партиски вработувања на СДСМ, а во таа насока говори и податокот дека Јанева побарала дури 30 телохранители, иако со толкава бројка не располагаат ниту Путин и Обама.
Медиумите објавија и сомнителна поврзаност помеѓу изјавата на Заев дека првите обвинителни акти треба да се очекуваат пред нова година и најавата на Јанева дека првите резултати од нејзината работа ќе бидат видливи на 15 декември.

Токму СДСМ вчера беше единствената партија која се стави во заштита на Јанева. Политичката партија која со месеци објавуваше прислушувани разговори обвини дека објавувањето на финансискиот, работниот и персоналниот план до кој Press24 дојде од сопствени извори претставувало скандал. Останува без коментар од СДСМ информацијата која ја објавија медиумите дека токму кумашниот на адвокатот на Заев, Филип Медарски ќе биде еден од помошниците во тимот на Јанева. Од СДСМ молк, дали овој избор на Јанева претставува судир на интереси и дали на овој начин се гарантира објективноста и непристрасноста на новото обвинителство.