Обвинителката Елизабета Јосифовска денеска сослушана во ЈО

105

Обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство денеска била повикана во Јавното обвинителство каде дала исказ за случајот „Рекет“.

Државниот обвинител Љубомир Јовевски, денеска за МИА потврди, дека обвинителката Елизабета Јосифовска е сослушана пред надлежен јавен обвинител.

Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлука била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.

Во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“, беа споменати СЈО, Катица Јанева и обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.

Стефанова, која го води предметот „Империја“, е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“, додека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е вратена од годишен одмор и од денеска е официјално на работа, засега не е повикана да даде исказ во Јавното обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.