Обвинителката Стефанова побара одложување на рочиштето за случајот ’Титаник’

Специјалната обвинителка во случајот „Титаник”, Лиле Стефанова, побара во петокот одложување на судскиот процес, повикувајќи се на писмото на притворената специјална обвинителка, Катица Јанева, со кое таа се согласи сите предмети на СЈО да бида предадени на надлежно постапување на редовното обвинителство, пренесува Телма.

Имајќи го ова предвид, но и тоа што во моментов во СЈО има присутна комисија од јавното обвинителство за примопредавање на предметите, предлагам одложување на судењето”, рече Стефанова.

Во меѓувреме, одложено е и денешното рочиште за предметот „Титаник 3“, по барање на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, токму поради примопредавањето на предметите од Специјалното јавно во Републичкото јавно обвинителство.