Обвинителката Трајчева предлага на Јовановски да му се одземе целата луксузна гардероба

Обвинителката Ивана Трајчева побара да му се одзеде целата луксузна гардероба на Бојан Јовановски која ја поседувал и која се користела како доказна постапка.

„Се поставува прашањето како тој престојувал во луксузни хотели и имал луксузна гардероба ако бил невработен. Затоа барам таа да му биде одземена“, побара Трајчева.