7.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Обвинителот Јовески за „Јавна соба“: Немаме законска можност да забраниме нејзино функционирање

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервјуто за „Дојче веле“ зборуваше и за случајот „Јавна соба“.

„’Јавна соба’ е профил отворен на платформата Telegram, со седиште во странска држава. Оттука, немаме законска можност да наредиме, укинеме, забраниме нејзино функционирање, ниту пак да наредиме за гонење на сторителите да ни ги дадат доказите. Според тоа, во вакви случаи преземањето на определени дејствија бара подолг временски период, но и подготвеност за соработка на странските правосудни органи“, вели Јовески.

Според него, потребни се измени и дополнување на Кривичниот законик во овој поглед, односно потребно е законодавството да го следи современиот развој, но и развивање на соработката со надлежните странски органи.

„Со употребата на технологијата, интернет комуникацијата, со глобализацијата, се јавуваат и нов вид на кривични дела кои претходно не сме биле ниту во можност да ги предвидиме. Затоа ги подржувам предлозите за дополнување на Кривичниот законик со кривичните дела ‘демнење’ и ‘сексуално вознемирување’“, додава Јовески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.