Обвинителство го преспа случајот на Заев, како случаите на Рашковски и Дудуш

Прераскажување на дел од овој разговор со Иванов во телефонските разговори е можна појдовна линија за истрага дали постои или не издавање државна тајна, бидејќи, се чини, дека тоа што било зборувано на средбата два дена пред Илинден минатата година, во голема мера е изрецитирано кај руските пранкери.

За обвинителството очигледно нема ништо спорно во јавната бламажа, дискредитација и дипломатски скандал што на меѓународната сцена ја доживеа Македонија преку нејзиниот највисок претставник, премиерот Зоран Заев кој телефонски комуниицирал со рските комичари Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столјаров), а верувал дека се  поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Беше соопштено дека Јавното обвинителство работи само на утврдување дали при разговорите на Заев со лажниот Порошенко има основа за кривични обвиненија против руските граѓани.

Иако, од веќе јавно објавените три разговори, јасно е дека е можно прекршување на безбедносни комуникациски протоколи, а советниците за безбедност во неговиот Кабинет требало да го советуваат дека со комуникацијата преку официјалните канали се избегнува можноста за злоупотреба на разговорите, Јавното обвинителство молчи и истрага за евентуално прекршување на протоколот нема.

Заев деновиве јасно вели дека одговорност за скандалот нема да сноси никој, и едноставно само се чувствува непријатно дека е наседнат од руските комичари. Тој не се согласува со опозицијата дека тој треба да одговара за издавање државни тајни, приватни разговори кои ги водел со нашите стратешки партнери ЕУ и НАТО, како и прифаќањето да се исплати поткуп на вселенскиот патријарх.

Првиот јавно објавен разговор на Заев и лажниот Порошенко, е кон крајот на август минатата година, вториот е во јануари оваа година и третиот е на 20-ти април.

Во разговорите, Заев зборува и за поранешниот претседател, Ѓорге Иванов и кои се неговите ставови за Преспанскиот договор.

Овие информации кои тој ги кажува се непосредно по неговата средба со Иванов, која ја имал два дена пред големиот македонски празник Илинден, минатата година. На состанокот се дискутирало за регионални и многу важни државни прашања за безбедноста, и за актуелните случувања.

Прераскажување на дел од овој разговор со Иванов во телефонските разговори е можна појдовна линија за истрага дали постои или не издавање државна тајна, бидејќи, се чини, дека тоа што било зборувано на средбата, во голема мера е изрецитирано кај руските пранкери.

Во еден од разговорите, Заев му вели на „Порошенко“ дека агресијата против украинската територија не е прифатлива во XXI век, а пак наводниот претседател го предупредува Заев дека треба да биде свесен дека Путин може да подмити странски политичари во светот. На тој начин го почнуват разговорот на Иванов.

На прашањето дали Русија има влијание во нашата држава и дали Иванов добива поддршка од Путин, Заев одговара: Да, нашиот претседател е пријател со Путин и ни прави проблеми овде. Не како кај вас, туку со многу агенти кои прават сопки, но преживеавме. На нашиот претседател му истекува мандатот во мај, но во март или април би сакал да ја посетам Украина да ги убедам Украинците дека има надеж – вели Заев.

Иванов е близок со силите кои се против Преспанскиот договор, тој мисли дека Грција не условува премногу, имаме кохабитација со него, но во моментот сме на различни страни. Сега ќе имама реферндум, па после тоа ќе имаме уставни промени… Можно е Иванов да има руска поддршка во тоа, немам за тоа конкретен доказ, тоа е многу сензитивно прашање во нашата земја. Тој има многу често состаноци со претставници од Русија и од Турција. Јавно го кажува неговото лично мислње, но не покажува дека има некој притисок од Русија или од некој друг.

Јавното обвинителство не постапува ниту во врска со обвинувањата во јавноста за владиниот генерален секретар Драги Рашковски. Наводно, будно ги следат случувањата и доколку се утврди елементи на сторено кривично дело, Обвинителството ќе постапи согласно законските надлежности.

Исто како и во скандалот со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш за кого беше поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда, од Основното јавно обвинителство пред неколку дена соопштија дека надлежен јавен обвинител му дал насоки на Министерството за внатрешни работи да ја провери содржината на снимените материјали, по што ќе биде донесена јавно обвинителска одлука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.