5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Обвинителство отвори предмет по допрен глас за работата нa приватна болница

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални незаконитости во работењето на една приватна болница од Скопје.

Предметот е отворен по следење на написите во медиумите за извршени лекарски интервенции на срце и крвни садови во една приватна болница согласно кои приватната болница злоупотребила склучен Договор за кардиоваскуларни работи со Фондот за здравствено осигурување. Имено, постојат индиции дека дел од наплатените интервенции се фиктивно извршени од страна на болницата, како и дека за ист пациент и за ист вид интервенција се вршени по неколку наплати од Фондот, информираат од ОЈО.

Надлежен јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот.