Обвинителство постапува за случајот на физички напад од две малолетнички врз друго девојче

Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје бил известен за настанот во кој две малолетнички физички напаѓаат друго девојче во центарот на Скопје. Дадени се насоки за постапување, информираат од Обвинителство.

На социјалните медиуми беше објавено видео од настанот, на кое најпрво се гледа вербална расправија меѓу три девојчиња, а потоа и физичката пресметка.

Во полицискиот билтен на МВР, стои дека на 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И. (45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.