
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид). Освен тоа, соопштија денеска од јавно обвинителство на Република Северна Македонија, за осомничениот е поведена постапка и за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го доврши обиденото кривичното дело.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.