Обвинителство Штип: Предлози за казни од по 500 евра за девет лица

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои не го почитувале полицискиот час.

Обвинителството до Основниот суд Штип предложи на обвинетите да им биде изречена парична казна од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност.