Обвинителството досега примило само една пријава за поткуп

До Основното јавно обвинителство досега е пристигната само една кривична пријава во која една политичка партија се пожалила дека се врши поткуп пред референдумот, информираше јавниот обвинител Џељаљ Бајрами.

Обвинителот одби да каже која партија ја поднела пријавата, само посочи дека кривичното дело за кое се однесува пријавата е за поткуп при избори, но во јавноста е познато дека ВМРО–ДПМНЕ за тоа го пријави премиерот Зоран Заев. Опозициската партија на 18-ти септември до обвинителство ја поднесе кривичната пријава против премиерот Зоран Заев за поткуп при избори. Во кривичната пријава, стои дека „на 13-ти септември, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, јавно, на трибина во Крива Паланка, им ветувал поткуп за гласање на граѓаните во општина Крива Паланка…“

Бајрами рече дека состојбата за сега атмосферата на терен е мирна, а евентуалните нерегуларности поврзани со референдумот будно ги следи приверемената комисија при јавното обвинителство која работи уште од почетокот на кампањата.

Од Комисијата информираат дадени се задолженија до сите основни јавни обвинителства на денот на референдумот покрај редовните дежурства да има и дополнителни, со цел навремено да се делува доколку бидат сторени кривични дела.

За претстојниот референдум пред неколку дена апел упати и министерот за внтрешни Спасовски, кој рече дека согласно законите секаков вид на притисток, закана или уцена или при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкиониран.